fbpx

Владејачката Право и правда победи на изборите во Полска, формирањето влада неизвесно

Конечните резултати од изборите треба допрва да ги објави државната изборна комисија, но веќе се гледа можност за соработка на партијата на Доналд Туск со партиите Третиот пат и Левица за формирањето на идната влада

-

Партијата Право и правда на Јарослав Качински е победник на вчерашните парламентарни избори што се одржаа во Полска, но го нема неопходното мнозинство за самостојно да ја формира идната влада. Оваа партија освои 36,6 отсто од гласовите, додека либералната Граѓанска коалиција на Доналд Туск ја доби довербата од 31 отсто од избирачите.

Опозициските партии – централнодесничарската Трет пат освои 13,5 отсто од гласовите, додека Левицата доби 8,6 отсто, покажуваат резултатите што ги објави полскиот весник Газета Виборча. Крајнодесничарската партија Конфедерација освои 6,4 отсто од гласовите на вчерашните избори.

Партијата Право и правда на Качински, според прелиминарната распределба, освоила 198 мандати, додека Граѓанската коалиција ќе има 161 пратеник во новиот парламент. Третиот пат освои 57 пратеници, додека Левицата ќе учествува во парламентот со 30 пратеници, а Конфедерација со 14.

Со ваквата распределба на мандатите, ќе биде тешко за досегашната владејачка партија да формира мнозинство во парламентот. Конечните резултати од изборите треба допрва да ги објави државната изборна комисија, но веќе се гледа можност за соработка на партијата на Доналд Туск со партиите Третиот пат и Левица за формирањето на идната влада.

Победникот на изборите, Јарослав Качински синоќа од Варшава порача оти не е јасно дали резултатот ќе значи и нов мандат за формирање на влада, порачувајќи му на членството дека мора да има надеж. Единствен избор за коалиција на владејачката Право и правда е партијата Конфедерација, но и во овој случај нема да го имаат потребното мнозинство во парламентот.

Иако заврши како второпласиран, Доналд Туск синоќа им порача на симпатизерите дека демократијата победила и дошол крајот на владеењето на партијата Право и правда. Туск на граѓаните им вети дека ќе ги поправи односите со Европската Унија и ќе ги реши конфликтите со Брисел, кои се однесуваат во делот на независноста на судството, правата на ЛГБТ+ популацијата и миграцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...