fbpx

Вицепремиерот Бесими се сретна со холандскиот амбасадор Пломп

-

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп.

Вицепремиерот Бесими изразил задоволство од досегашната соработка со Кралството Холандија, која очекува да продолжи и во текот на претседателството на таа земја во ЕУ.

„Во текот на разговорот, особено беа истакнати и итните приоритети во процесот на пристапување кон Европската унија, утврдени и со Пристапниот дијалог на високо ниво, како што се: слободата на изразување и медиумите, судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, меѓуетничките односи, реформите во јавната администрација, добрососедските односи, регионалната соработка и зголемување на економскиот пораст и вработувањето“, се вели во соопштението од кабинетот на вицепремиерот.

Бесими ја истакнал и улогата на Македонија во рутата по која се движат мигрантите и заложбата на земјата за партнерска соработка со ЕУ при справувањето со мигрантската криза.

На крајот од средбата, вицепремиерот Бесими и амбасадорот Пломп истакнале дека соработката помеѓу Република Македонија и Кралството Холандија ќе продолжи и во претстојниот период, со силна поддршка за успешно спроведување на реформите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...