fbpx

Вистиномер: 3Д анимација претставена како вистинска снимка од рускиот напад врз Украина

-

Видеото не е вистинско, туку станува збор за 3Д анимација и истото е споделено на Инстаграм во октомври 2021 година, четири месеци пред руската инвазија. Авторот на видеото има над 90 илјади претплатници на Јутјуб, а за странски проверувачи изјавил дека не станува збор за видео од Украина, туку за анимација што самиот ја направил, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме видеоснимка којашто беше пласирана во медиумите во светот, а не ја прескокна ниту Северна Македонија, а се однесува на борбите што се водат во Украина по руската инвазија. Видеоматеријалот е објавен и преземен од социјалната мрежа „Тик Ток“, а на него се гледа наводен руски авионски напад врз Украина.

Во извештаите на дел од македонските медиуми (пример може да погледнете на следниот линк), се посочува дека ,,небото над Украина е буквално исполнето со руски авиони кои летаат на сите страни, додека пак, украинското противвоздушно оружје се обидува да ги сруши“. Ваквата информација датира од 24 февруари 2022 година, односно објавена е дента кога започна руската инвазија врз Украина.

Меѓутоа, видеото не е вистинско туку станува збор за 3Д анимација и истото е споделено на Инстаграм во октомври 2021 година, четири месеци пред руската инвазија.

Авторот споменува дека е 3Д аниматор, а видето со наслов на шпански јазик е објавено на неговиот канал на Јутјуб на 29 октомври 2021 година. Насловот гласи: „Сакавте да знаете како е да се биде во Втората Светска Војна? Ова е за вас!”.

Во описот на видеото пишува:

Ова е мала компилација од моите анимации кои се однесуваат на Втората Светска војна. Ќе се обидам да ги одведам анимациите подалеку од воздушната борба. Сакам да ја создадам битката на Тигар 1 против Шерман М4. Многу прегратки, ако ви се допаѓа, претплатете се!

Овој 3Д аниматор има над 90 илјади претплатници на Јутјуб. Во видеото се гледа дека освен посоченото видео, направил и други 3Д анимации од воени дејства.

Странски проверувачи на факти, се обратиле до сопственикот на Јутјуб каналот и добиле одговор:

Ова е само анимација што ја направив. Не е видео за Украина.

Ако повнимателно се разгледа видеото, може да се види дека авионите кои се прикажани на небото и погрешно презентирани како да се руски авиони во Украина, не се во движење, туку само лебдат во место. Тоа самото по себе е индикативно.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека споделениот видеоматеријал не е реална, веродостојна и вистинска снимка од руски авионски напад врз Украина, туку претставува 3Д анимација објавена месеци пред руската инвазија врз Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...