fbpx

Вирусот зика откриен во плунка и во урина

-

Бразилскиот здравствен институт „Фиокруз“ денеска соопшти дека првпат е откриен вирусот зика во плунка и во урина и оти ќе биде истражена можноста за пренeсување на вирусот преку телесни течности.

Институтот ги анализирал примероците земени од два пациента и изработил делумна низа на генот на вирусот, соопшти претседателот на Фондацијата „Освалдо Круз“, Паоло Гадела.

Вирусот зика е дијагностициран во 30 земји во светот.

Првпат се појавил минатата година во Бразил и се поврзува со илјадници бебиња родени со микроцефалија, болест која се карактеризира со абнормално мала глава и со неразвиен мозок кај новороденчиња.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...