fbpx

Нов протест на битолчани за Офицерскиот дом, Груевски ветува целосна обнова

-

Битолчани се организираат за нов протест за Офицерскиот дом за утре, во 16 часот, а во меѓувреме порашнешниот премиер Никола Груевски им вети целосна реконструкција на објектот.

Фејсбук-групата „За подобра Битола“ повикува на масовно собирање на сите битолчани пред вратите на Офицерскиот дом, со напомена дека нема да отстапат ниту педа од „битолскиот Версај“.

– Не е протест ниту, пак, контрапротест, ова е повторно соединување со она што веќе го испустија и подмолно го отстранија од нашите животи. Со неговото пустење и намерно запоставување, емоционало го отстранија од животот на сите млади битолчани – пишува во дел од повикот на организаторите за утрешниот протест.

Во меѓувреме, денеска провладините интернет-портали објавија дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, најавил целосна реконструкција и ставање во функција на Офицерскиот дом во Битола. Обновата, според Груевски, ќе почне со реализација на крајот на оваа и на почетокот од идната година.

Почетната инвестиција би била околу 2 милиони евра.

Битолчани, сепак, се збунети кој стои зад организацијата на утрешниот протест. Од Здружението „За нас се работи“ излегоа со соопштение дека тие не се организатори на протестот, иако највија дека ќе бидат дел од него и ќе дадат поддршка на сите активности и залагања за зачувување на културното наследство во Битола.

Во средата, протест за враќање на Офицерскиот дом на Општина Битола одржааа опозициските партии во градот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Русија не ја уништи армијата на Украина

Не е точно дека Русите ја уништиле украинската армија, таа уште ја брани територијата на својата суверена држава. Во објавата произволно се тврди дека биле испратени 300 милијарди долари и...