fbpx

Видеото на кое зборува Бајден погрешно се цитира и има погрешен превод

Видеото и транскриптите од целосниот говор на Бајден покажуваат дека тој ги критикувал коментарите на Трамп во 2019 година, а не дека самиот направил гаф

-

Изјавата на Бајден во видео исечокот е и погрешнo цитирана и погрешено интерпретирана. Целосниот контекст зад изјавата покажува дека Бајден не направил гаф, туку во говорот се повикува на претходните гафови од поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Видео објавено на Фејсбук ги манипулира корисниците на социјалната мрежа да помислат дека претседателот на САД, Џо Бајден направил гаф. Ова не е вистина, се манипулира со преводот и контекстот на неговите зборови.

И така Исус, му рече на Бајден…

Евангелие по Мики Маус, глава девет, стих тринаести.

 

Честите гафови на американскиот претседателот Џо Бајден служат како муниција за неговите критичари да потенцираат дека тој не е компетентен да ја извршува функцијата. Во таа насока е и споделеното видео во кое што наводно Бајден кажал гаф, но всушност не е така, туку се манипулира со неговиот говор во видеото, при што недостасуваа соодветниот контест, а јавноста добива погрешен впечаток.

Како што Бајден зборува на снимката, титлуваниот текст покажува дека тој рекол: „Истиот стабилен Исус рече дека најголемиот проблем што го имавме во револуционерната војна е дека немавме доволно аеродроми“.

Но, изјавата што му се припишува на Бајден е и погрешно цитирана и погрешено интерпретирана. Целосниот контекст зад изјавата покажува дека Бајден не направил гаф, туку во говорот се повикува на претходните гафови од поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Видеото доаѓа од предизборниот говор на Бајден на 29 октомври 2020 година на митинг во Тампа, Флорида. Транскриптите од тој говор откриваат дека тогашниот кандидат Бајден реферирал на претходни изјави на Трамп.

Целата изјава со целиот контекст гласи вака:

Доналд Трамп кога мисли на климатските промени, тој вели дека се измама. Па, погодете што? Зборувајќи за измами, се сеќавате што рече за овие зголемени насилни урагани и зачестеноста? Тој, всушност, рече, можеби треба да активираме нуклеарна бомба над Атлантикот. Патем, тоа е истиот стабилен гениј кој рече дека најголемиот проблем што го имавме во Револуционерната војна е што немавме доволно аеродроми.

Бајден во говорот реферира на изјавa на Трамп што предизвика потсмев кај јавноста.  Во 2019 година, Трамп се појави на насловните страници кога за време на неговиот говор на 4- јули, рече дека американските трупи во Револуционерната војна „ги зазеле аеродромите“ .

Нашата армија го управуваше воздухот, ги удри бедемите, ги зазеде аеродромите, направи се што требаше да направи, а во Форт Мекхенри, под црвениот сјај на ракетата, немаше ништо друго освен победа, рече тој.

Овој коментар наиде на критики и потсмев, бидејќи Револуционерната војна заврши во 1783 година, а авионите беа измислени дури на почетокот на 20 век. Авионите со погон не биле користени во војни се до 1911 година.

Во видеото погрешно е цитиран Бајден дека кажал „стабилен Исус“ (stable Jesus), кога всушност тој вели „стабилен гениј“ (stable genius) како референца на минати забелешки на Трамп за себе. За време на неговото претседателствување, Трамп постојано се нарекуваше себеси „стабилен гениј“. Првиот случај беше во јануари 2018 година, откако книгата на Мајкл Волф, „Оган и бес: внатре во Белата куќа на Трамп“, го покрена прашањето дали тој е ментално неподобен за функцијата.

Оваа објава ја оценуваме како објава со испуштен контекст, бидејќи цитирањето на Бајден, кое е и погрешно, и без дополнителни информации, прави јавноста да добие погрешен впечаток. Видеото и транскриптите од целосниот говор на Бајден покажуваат дека тој ги критикувал коментарите на Трамп во 2019 година, а не дека самиот направил гаф.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...