Вештачката интелигенција ги спои Камала Харис и Џефри Епстајн

Алатката за откривање вештачка интелигенција на Hive Moderation утврди дека сликата има 99,7 отсто веројатност да содржи елементи генерирани од вештачка интелигенција или дипфејк

-

Алатката за откривање вештачка интелигенција на Hive Moderation утврди дека сликата има 99,7 отсто веројатност да содржи елементи генерирани од вештачка интелигенција или дипфејк и дека е веројатно дека е создадена со програмата Stable Diffusion, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме интегрално:

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук споделува фотографија од американската потпретседателка, Камала Харис и починатиот осуден сексуален престапник, Џефри Епстајн, на која двајцата се прегрнати и облечени во костими за на плажа. Објавата вели:

Прашање до фактчекерите: Дали ова е монтажа во фотошоп или АИ генерирана слика: Или е можеби вистина е?

Фотографијата е направена со помош на вештачка интелигенција и тоа е видливо од неколку елементи, посочува Џејмс О’Брајан, професор по компјутерски науки на Универзитетот во Калифорнија, Беркли во изјава за Ју-ес-еј тудеј.

Фотографијата е заматена на чудни места, вклучително и над главата на Харис и околу грбот, а чудна текстура ја покрива раката на Епштајн, вели О’Брајан.

О’Брајан, исто така, истакнува дека увото на Харис се чини дека е значително помало од нејзините уши на оригиналните фотографии.

Тоа е мал детал што е лесно да се пропушти, но мали или не, деталите мора да одговараат на реалноста, вели тој.

Алатката за откривање вештачка интелигенција на Hive Moderation утврди дека сликата има 99,7 отсто веројатност да содржи содржина генерирана од вештачка интелигенција или дипфејк и дека е веројатно дека е создадена со програмата Stable Diffusion.

Имајќи предвид дека фотографијата од Харис и Епстајн е создадена со вештачка интелигенција, а се споделува како да е вистинска, објавата што ја анализираме ја оценуваме како неточна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...