fbpx

Вакер: Инспириран сум од граѓанската активност

-

Најголемата опасност за европскиот сон е губењето на врските помеѓу граѓаните и нивните влади, смета директорот на Европската иницијатива за отворено општество, Жорди Вакер, кој денеска во ГЕМ-клубот говореше на тема „Каде оди Европа“.

Освен на кризата во Украина и на политичката ситуација во Грција, тој се осврна и на сегашната ситуација во Македонија за која смета дека е еден вид феномен.

Според Вакер, за да се промени нешто, не се потребни многу години, тоа може да се случи за многу кратко време. Тој вели дека Македонија се наоѓа во интересен период поради поголемата ангажираност на граѓаните во политичките процеси.

– Ова е моја петта или шеста посета на Македонија. Секојпат кога доаѓам, ситуацијата е сè подепресивна на многу полиња и таа се влошува. Гледам работи кои не ми се допаѓаат, прашањето за името стана тешко и ги блокира останатите процеси. Овојпат заминувам инспириран бидејќи она што се случува, а не зборувам само за студентските демонстрации, е еден вид феномен. Во последните три посети слушав дека никој не реагира, дека опозицијата не прави ништо, дека Владата прави грешки и дека работите се движат во негативна насока. Сега имам чуство на промена. Јас не сум тука да ѝ судам ниту на Владата ниту за она што се случува. Но, сум заинтересиран за ангажираноста на граѓаните и за граѓанската вклученост која може, но и не мора, да доведе до промена на Владата. Јас, сепак, сум инспириран од вклученоста на граѓаните, што е навистна важно. Мислам дека е инспиративно кога луѓето се поактивни и ги преземаат работите во свои раце, дури и ако не успеат. Мислам дека Македонија сега е во еден интересен период, не поради политичките скандали, туку поради чувството дека луѓето почнаа да се ангажираат – рече Вакер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба да престане веднаш!

Не смее да се дозволи децата да бидат жртви на политиката и странските злонамерни пропагандни операции. Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата,...