fbpx

Вакцините и темјанот не помагаат со новиот корона вирус

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

Среде пандемијата на новиот корона вирус, една од работите што не исчезнаа се „чудесните“ лекови за овој вирус и за болеста што ја предизвикува.

Со дезинформации од оваа област се занимаваат црногорскиот, но и босанско-херцеговскиот сервис за борба против дезинформациите, кои разоткрија некои дезинформации во врска со новиот корона вирус и лажните лекови за него. Така, Raskrinkavanje.me се занимава со тврдења дека од новиот корона вирус човек може да се спаси со темјан.

Еден портал во Црна Гора го објавил таквото тврдење, повикувајќи се на лекарот Иво Ѓуришиќ, поранешен директор на Центарот за здравје во главниот град Подгорица, кој во емисијата „Начисто“ на телевизија Српска рекол дека темјанот го убива корона вирусот. Но таквата теорија ја побиваат и од Светската здравствена организација, вклучително и од Инсттитутот за јавно здравје на Црна Гора, кој посочува дека темјанот не помага.

Во „списокот“ на чудесни лекови влегува и „вакцината против БСЖ“ и дека таа ги штити норороденчињата и од новиот корона вирус.

Но, збрката околу вакцината БСЖ и присуството на антигени против неа, е неоснована, оти ваквината е стара еден век, а тврдењата се релативно нови, но неоснована, објаснува д-р Томасовиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...