fbpx

МИОА ќе ги издава дозволите за активистите да можат по два часа дневно да се грижат за бездомните животни

-

До утре, 12 часот, сите регистрирани друштва за заштита на правата на животните може да достават пополнет образец за пет членови од здружението кои ќе се грижат за бедзомните животни во текот на продолжениот викенд за кога е предвиден полициски час од петок попладне до вторник наутро.

Активистите ќе добијат дозвола два часа дневно во услови на ограничено движење да ги нахранат и да се грижат за бездомните животни.

Здруженијата регистрирани во други градови ќе треба да достават образец до општинскиот кризен штаб. Град Скопје и општинските кризни штабови ќе ги доставуваат барањата до Министерството за администрација и информатичко општество. Оттаму барањата за дозвола ќе бидат испроцесирани, и дозволите ќе бидат испратени на маил адресата на секој барател посебно.

Од Град Скопје информираат дека дозволите ќе бидат со важност за 18, 19 и 20 април. Постапката ќе се повторува за секој нареден викенд се додека трае вонредната состојба. Ова значи дека секој нареден петок до 12 часот, здруженијата за заштита на правата на животните ќе треба да достават пополнет образец до Град Скопје или до општинските кризни штабови.

Пред да биде донесена оваа мерка, од здруженија за заштита на правата на животните апелираа да им се издадат дозволи за движење во време на полициски час.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...