fbpx

Вајгл, Кукан и Флекенштајн утре ќе ја скенираат ситуацијата во Македонија

-

Известувачите на Европскиот парламент за напредокот на Македонија, европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, утре ќе допатуваат во Скопје.

Бриселската тројка за време на посетата ќе направи скенирање на ситуацијата во земјата пред претстојните парламентарни избори, закажани за 11 декември. Тројцата европратеници ќе направат и анализа на подготовките, како и на досегашната изборна кампања.

Европратениците денот ќе го почнат со средба со претставниците на граѓанските организации, а потоа ќе се сретнат со лидерите на политичките партии, како и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. По средбите, Вајгл, Кукан и Фленкенштајн ќе дадат изјава.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ, ЕУ е приоритет – колку остварлив, не се знае

Во своите изборни програми СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја нудат ЕУ како највисок надворешен приоритет на државата. СДСМ бара уставни промени веднаш и ветува започнување и завршување на преговорите до...