fbpx

Грција и Македонија одржаа нов состанок за мерките за градење доверба

-

Грција и Македонија продолжуваат со состаноците за мерките за градење доверба. Како што информира грчкото министерство за надворешни работи, претставници на двете министерства вчера во Скопје го одржале петтиот состанок за мерките со кои двете држави работат на зајакнување на довербата и на соработката.

Претставниците на двете министерства се фокусирале на однапред договорени теми, како подоброто меѓусебно поврзување, зајакнување на полициската соработка, европските програми, културна и образовна соработка. Се разговарало и за подобра цивилна заштита, соработка меѓу јавната администрација, здравството, како и соработка меѓу дипломатските академии на двете министерства. Акцент бил ставен и на продлабочувањето на трговската соработка.

Следната средба за мерките за градење доверба ќе се одржи на почетокот на 2017 година во Атина.

Меѓу мерките за градење доверба, кои беа потпишани летото 2015 година, беше потпишан и меморандум за изградба на гасоводна врска меѓу двете земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...