fbpx

Утре ќе се одржи 14. конференција „е-Општество“ на Фондацијата „Метаморфозис“

-

Фондацијата за интернет и општество, „Метаморфозис“ утре со почеток од 10 часот во хотелот „Холидеј ин“ по четиринаесетти пат ќе ја организира меѓународната конференција „е-Општество.мк“. Темата на овогодинешната конференција ќе биде „Медиумски писмени граѓани за отчетни институции“.

На настанот, во пет одделни сесии ќе дебатираат и дискутираат над дваесет претставници на институциите, медиумските организации и граѓанскиот сектор од Македонија и регионот, со крајна цел да придонесат во дефинирањето на приоритетите во областите на слободата на изразување, медиумска писменост, транспарентност и отчетност.

Целта на конференцијата е да обезбеди платформа за дискусија за состојбата со слободата на изразување и слободата на медиумите во Македонија – напредокот на реформскиот процес; повисоко ниво на медиумска писменост кај граѓаните; улогата на граѓанското општество во реформскиот процес за следење на комуникациите и степенот на транспарентност на институциите во Македонија и регионот, влијанието на транспарентноста врз довербата на граѓаните во институциите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...