fbpx

Уставен суд: Додека нема конечна одлука, нема да има графа за етничка припадност во изводите

Основната причина за поведување на постапка е пречекорување на рокот за потпишување – од потпишување до објава во Службен весник

-

Уставниот суд поведе постапка за утврдување на уставноста на Упатството за водење на матични книги, поради непочитување на уставно пропишаниот рок од седум дена за негово објавување во Службен весник. Судот донесе времена мерка за неиздавање на овие документи.

Основната причина за поведување на постапка е пречекорување на рокот за потпишување – од потпишување до објава во Службен весник.

На денешната седница, во делот на јавноста, присуствуваше и министерот за правда Кренар Лога. Toj Упатството го потпишал на 29 мај, а во „Службен весник“ е објавено на 15 јуни, што значи во рок од 17 – наместо од 7 дена.

Лога по седницата изјави дека навистина не е испочитуван уставниот рок, но дека тоа не е направено по негова вина.

„Такви пропусти имало во минатото во сите службени весници и јас носам неколку од нив“, рече Лога, додавајќи дека „Уставниот суд не треба да ја отвора Пандорината кутија, бидејќи во речиси секој Службен весник има непочитување на уставни рокови.

„Ме радува оваа иницијатива, но изненаден сум од фактот што Уставниот суд досега не покренал постапка и за други подзаконски акти кај кои не се почитува уставниот рок за објавување во Службен весник. Уставниот суд ја отвори Пандорината кутија. Најавувам дека во иднина јас лично ќе поднесувам иницијативи до судот за непочитување на уставните рокови. Вината не е во Министерството туку во Секретаријатот за законодавство во рамките на Владата” изјави Лога.

Министерот за правда најави дека ќе се подготви нов пречистен текст на Упатството и ќе го достави до Секретаријатот за законодавство за објавување во Службен весник.

Уставниот суд за ова упатство минатата недела самоиницијативно поведе постапка за оценување на уставноста, а претседателката на судот Добрила Кацарска на брифинг со новинарите рече дека според неа, тоа е неуставно и незаконски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...