Ураганот „Метју“ предизвика поројни дождови на Јамајка и во делови од Хаити, а сериозни штети можно е да предизвика и во северозападните делови на островите, каде што се очекува да мине во текот на денот.
Еден од најсилните урагани на Атлантикот од минатата година и понатаму е во категорија четири, на скалата до пет.
Власите на Хаити апелираат населението да обезбеди резерви на храна и вода, а околу 150.000 лица се евакуирани од деловите кои се верува дека ќе бидат најзагрозени.
Се очекува ураганот „Метју“ да донесе повеќе од 100 сантиметри дожд, а по Јамајка и Хаити да продолжи кон источниот дел на Куба.
Според податоците на американскиот центар за надзор на урагани, „Метју“ синоќа достигнал брзина од 230 километри на час.