Во земјотрес на Хаити загинаа најмалку 304 лица

Земјотресот урна дел од црква во селото Каје. Фото: Твитер-профил на премиерот на Хаити

Во потрес со магнитуда од 7,2 степени што вчера го погоди западниот дел на Хаити, загинаа најмалку 304 луѓе, а најмалку 1.800 се повредени. Земјотресот урнал голем број градби, меѓу нив и хотели и цркви.

Ариел Анри, премиерот на Хаити поради огромните штети, прогласи едномесечна вонредна состојба. Урнати градби има и во главниот град Порт-о-Принс, на 125 километри источно од епицентарот.

Островската земја уште не ги залечила раните од катастрофалниот земјотрес во 2010 година.