fbpx
Таг: Хаити

таг: Хаити

Вистиномер: Не е вистина дека се убиени тројца претседатели зашто се спротивставиле на вакцинацијата

Двајца од тројцата претседатели споменати во постот се починати во болница од срцев удар (на Танзанија и Бурунди), а еден е застрелан и убиството не се поврзува ниту со коронавирусот, ниту со вакцинацијата (на Хаити). Така што, тврдењето дека некој ги убил сите тројца за да може во овие земји да се даваат вакцини, го оценуваме како невистина, пишува...

Во земјотрес на Хаити загинаа најмалку 304 лица

Во потрес со магнитуда од 7,2 степени што вчера го погоди западниот дел на Хаити, загинаа најмалку 304 луѓе, а најмалку 1.800 се повредени. Земјотресот урнал голем број градби, меѓу нив и хотели и цркви. Ариел Анри, премиерот на Хаити поради огромните штети, прогласи едномесечна вонредна состојба. Урнати градби има и во главниот град Порт-о-Принс, на 125 километри источно од...

ОН: Нема друг збор за Трамп освен расист

Обединетите нации остро ја осудија и ја нарекоа расистичка изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп кој африканскиte земји и Хаити ги нарече „дупки“. -Ако тоа се потврди, во прашање е шокантна и срамна изјава на претседателот на САД. Нема друг збор кој би можел да се употреби освен „расист“ – рече на прес-конфренција портпаролот на ОН, Руперт Колвил. Трамп на состанок...

Ирма убиваше на Карибите, се заканува на Куба и на Флорида

Ураганот Ирма уби најмалку 12 луѓе на Карибите и нанесе катастрофални штети на објекти, пловила и на возила. Некои делови на Карибите се толку уништени што во нив нема никакви услови за живот. Но, ураганот нема да запре таму, туку го продолжува својот пат кон Куба, а се очекува да ја погоди и американската сојузна држава Флорида. На островот Сент...

Бан Ки-мун во посета на Хаити, апелира на итна помош

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, е во посета на Хаити и на областа што беше погодена од налетот на ураганот Метју. Тој апелираше на итна помош, која му е неопходна на народот што живее на погоденото подрачје. Генералниот секретар на ОН за време на посетата ќе се сретне со претставници на државните и на локалните власти, претставници на загрозените заедници и...

Ураганот Метју на Хаити усмрти 1.000 лица

Ураганот Метју однел најмалку 1.000 животи на Хаити и предизвикал огромни штети во југозападните делови на земјата, по што почнало да се шири колера, соопштија денеска локалните власти. На руралните заедници им недостига чиста вода, храна и засолниште, предупредија властите. Властите почнале да ги закопуваат жртвите во заеднички гробници во градот Ѓереми, затоа што телата почнале да се распаѓаат. Колерата предизвикува тешка...

Бројот на загинати на Хаити во налет на ураганот Метју се зголеми на 842 лица

Бројот на загинатите на Хаити во налетот на ураганот Метју се зголеми на 842 лица, додека десетина илјади луѓе останале без своите домови. Вкупниот број на жртви на Хаити, на Јамајка, на Бахами и во Доминиканска Република достигна 936 лица. - Бројот на жртви секојдневно се зголемува, а уште поголема е бројката на повредени додека 61.500 лица се наоѓаат во засолништата...

Сè поголем бројот на жртви на ураганот Метју

Бројот на загинатите на Хаити во налетот на ураганот Метју се зголеми на 478 лица, откако пристигнаа податоци за жртви во оддалечените подрачја на Хаити, кои претходно беа отсечени од престолнината Порт о Пренс, соопштија локалните власти. Бројот на жртвите секојдневно се зголемува, уште голем број луѓе се повредени, а околу 61.500 лица се наоѓаат во засолништа, соопшти централната агенција...

Најмалку 108 лица загинаа на Хаити во налет на ураганот Метју

Ураганот Метју усмрти најмалку 108 лица на Хаити, соопштија локалните власти, додавајќи дека ураганот од Бахами се движи кон Флорида. Повеќето од настраданите на Хаити загинале при паѓање на дрва, покриви или во надојдените реки. Во Доминиканска Република ураганот усмртил четири лица и оштетил 200 куќи, а властите евакуирале 800 лица. Ураганот, кој се смета за најсилен во последните 10 години, утринава ги погоди...

Ураганот „Метју“ стигна до Јамајка и до Хаити

Ураганот „Метју“ предизвика поројни дождови на Јамајка и во делови од Хаити, а сериозни штети можно е да предизвика и во северозападните делови на островите, каде што се очекува да мине во текот на денот. Еден од најсилните урагани на Атлантикот од минатата година и понатаму е во категорија четири, на скалата до пет. Власите на Хаити апелираат населението да обезбеди резерви на...

Најмалку 21 загинат во бродолом кај Хаити

Најмалку 21 лице загинале при бродолом во близина на Хаити, кој се случил поради силни дождови и невреме. Спасувачките екипи, јавуваат светските агенции, почнале со извлекување на телата на загинатите по потонувањето на бродот кој пловел од местото Гонаив, на северот на Хаити, кон местото Бомбардополис. Засега не се знае точно колку патници имало на бродот во моментот на несреќата. Според...

Најмалку 17 загинати и 18 повредени во сообраќајна несреќа на Хаити

Најмалку 17 лица починале, а 18 се повредени, во сообраќајна несреќа која се случила на Хаити, кога камион полн со патници и стока излетал од патот во обид да избегне судар со друго возило. - Камион во кој се наоѓале околу 30 луѓе се превртел во обид да избегне мотоцикл на кој имало три лица – рекол координаторот на службата...

Дваесет загинати на уличен карневал на Хаити

Најмалку 20 лица загинаа, а 46 се повредени од струен удар на карневалот во Порт-о-Пренс, главниот град на Хаити. Несреќата се случила во време кога на улиците се наоѓаат илјадници луѓе на годишната прослава. Очевидци велат дека некој од масата со штица ја допрел жицата што пренесувала струја за да може карневалското возило да мине под неа. Некои од жртвите загинале од струен...

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...