Русија има резерви на нафта и на гас за 50 години

-

Русија има резерви на нафта и на природен гас најмалку за 40 до 50 години, изјави денеска министерот за енергетика Кирил Молодсов, на маргините на форумот за гас што се одржува во Санкт Петербург.

„Имаме гас за уште најмалку 40 до 50 години“, изјави министерот, коментирајќи ја изјавата на директорто на „Сбербанка“, Герман Греф, за тоа дали резервите на енергентите би можеле да бидат потрошени од 2028 до 2030 година.

Првиот човек на оваа компанија изјави дека целосната зависност од нафта и од гас е болна за економијата и дека се надева дека е поставена основа за промена на кавлитетот на економски пораст на Русија.

 

(АНАЛИЗА) Големи амбиции „спакувани“ во Национална стратегија – вработувања на странци, раст од 4 отсто и праведни даноци

Задолжителна пракса во средното и високото образование. Легализација на вработувања на имигранти. Преку помени во образованието до квалификувана работна сила и намалување на невработеноста, пишува Порталб.мк. Економски раст од 4%,...