fbpx

Унгарската владејачка партија размислува за враќање на смртната казна

-

Унгарската владејачка партија Фидеш, која е под сè поголем притисок на екстремно десничарската опозиција, изрази желба да ја разгледа можноста за враќање на смртната казна, која е укината по падот на комунизмот во 1990 година, но е забранета во ЕУ.

Прашањето за смртната казна го поставија премиерот Виктор Орбан и водечкиот политичар на Фидеш, по минатонеделното убиство на 22 работници во продавница за тутун во градот Капосвар.

Орбан по повод убиството рече дека прашањето за смртна казна треба да се „држи на маса“, додека шефот на пратеничката група на Фидеш во парламентот, денеска рече дека Унгарија би требало оваа тема да ја предложи за расправа во ЕУ.

Екстремните десничари Јобик, кои се сметаат за најсериозна опозиција на Фидеш, упорно се жалат за враќање на најтешката казна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...