fbpx

УХМР најавува невреме за утре, црвено предупредување и во Србија

Ваквата најава го вклучи алармот кај Водовод и канализација, од каде информираа дека веќе започнале со расчистување на сливниците и шахтите на критичните точки во градот

-

Силен дожд, ветер и грмежи низ земјава, особено во попладневните и вечерните часови, најави за утре Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Од Управата информираат дека претпладне ќе биде сончево и топло со умерен до засилен ветер од јужен правец, а попладне и во ноќните часови, почнувајќи од запад, облачноста ќе се зголемува.

„Под влијание на атмосферски фронт во сабота попладне и во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на навреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 литри на метар квадратен за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град“, соопштија од УХМР.

Зголемување на облачноста и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и силен ветер за утре е најавено и во Скопје.

Ваквата најава го вклучи алармот кај Водовод и канализација, од каде информираа дека веќе започнале со расчистување на сливниците и шахтите на критичните точки во градот, со цел непречено функционирање на атмосферската канализација.

Од УХМР советуваат во случај на појава на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Од недела, пак, се очекува посвежо време со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.

Црвено метео предупредување за вечерва и утре издадоа и надлежните институции во Србија.

Српскиот Републички хидрометеоролошки завод информираше дека вечерва се очекува локална појава на пороен дожд со грмежи и град на север и запад, а во сабота во целата земја ќе биде многу нестабилно со пороен дожд, грмежи, на места и град, особено попладне и навечер, пренесе српскиот сервис на Н1.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...