fbpx

Уапсени четири лица поврзани со нападите во Париз

-

Француската полиција денеска соопшти да се приведени четири лица поради поврзаност со нападите во Париз во јануари оваа година и дека меѓу нив се наоѓа и една жена-полицаец.
Две официјални лица, кои сакале да останат неименувани, бидеќи истрагата е во тек, рекле дека едно од приведените лица има врска со Амеди Кулибали.

Кулибали ја уби жената-полицаец на осми јануари, а потоа уште четири Евреи во супермаркет пред да биде убиен од органите за безбедност.
Според тие извори, во затвор се наоѓа полицајка, познаничка на Кулибали, која преминала во ислам пред две години.

Таа е уапсена заедно со своето момче, за кое се верува дека бил близок со Кулибали и за кој, исто така, е пуштена потерница, за обвинение поврзано со дрога.

Освен тројцата убиени напаѓачи, ниедна личност не се доведува во директна врска со нападите од седми до девети јануари на сатиричниот весник „Шарли ебдо“ и на супермаркетот, во кои погинаа 20 лица, вклучувајќи ги и напаѓачите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...