fbpx

Уапсена фамилијарна мрежа за продажба на дрога во Виена

-

Во коодинирана полициска акција во Виена, упсени се членови на семејство кои продавале дрога.

Меѓу осумнаесетте уапсени е таткото, кој ги терал своите деца да се дрогираат за подобро да продаваат дрога.

Таткото, на возраст од 43 години, мајката, двајцата синови близнаци на возраст од 19 години, 22-годишната ќерка, нејзиното момче, три нејзини поранешни момчиња, кои себеси се нарекуваат „ла фамилија“, неколку клиенти и други се уапсени во големата полициска акција за продавање дрога, со месечен промет од 56.000 евра на улиците на главниот град на Австрија.

Според полицијата, 43-годишниот татко, кој е глава на кланот, има многу лош карактер. Покрај тоа што ги охрабрува своите деца да користат дрога за да го научат својот продукт подобро, тој, исто така, ја натерал ќерката да ја повлече пријавата во полиција дека нејзиното момче (33) ја злоупотребувало и ја силувало.

Редовен муштерија на бандата била и мајка што купувала дрога за својата 12-годишна ќерка.

Главата на кланот, таткото, водел двоен живот. Наутро работел во гаража, а попладне продавал дрога.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.