петок, 16 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: Мрежа | 30 резултати

МРТВ објави јавен повик за ангажирање на новинари – дописници и сниматели од Штип

26 март 2020

Македонска радиотелевизија објави јавен повик за потребите на дописничката мрежа на МРТВ, при што бараат новинар и снимател од Штип, ангажирани на хонорарна основа. Инаку, анализата за дописниците од Здружението на новинари, покажува дека Македонската радиотелевизија има само тројца дописници од Источниот регион и ниту еден дописнички центар не е активен. „МРТВ свои простории има […]

Манчевски: На пазарот има услови за дополнителен мобилен оператор

10 септември 2019

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, во рамки на „ ITU Телеком“, ги претстави условите за инвестирање во државата. Тој, како што соопшти МИОА, се обрати на тркалезна маса на тема: „Инвестирање во дигитална иднина во правец на гигабит инфраструктура и општество“,  а настанот на едно место собра дел од заинтересираните оператори од […]

Штип може да почне со изградба на мрежата за гасификација во септември

29 август 2019

Кон средината на септември, Општината Штип очекува да ги добие основниот и инфраструктурниот проект за почетокот на гасификацијата. Општината чека одговор од Владата по кој модел ќе се гасифицира градот. Дали ќе треба да влезе со сопствени средства, што би бил побавен процес, преку јавно приватно-партнерство или Владата ќе издвои средства. Градоначалникот Благој Бочварски вели […]

„Градски енергетски системи“ ќе ја гради дистрибутивната мрежа за гас во Скопје

30 јули 2019

На денешната владина седница се донесе одлука, на Град Скопје да му се даде на трајно користење, топловодната мрежа, со која ќе управува новоформираното претпријатие за дистрибуција на топлинска енергија и гас, „Градски енергетски системи“ (ГЕС). „Градот Скопје преку АД „ГЕС-Скопје“ ќе спроведува мерки за намалување на аерозагадувањето во градот кое е последица на затоплувањето […]

Примарната мрежа од гасоводот во Карпош во голем дел е завршена

16 јули 2019

Примарната мрежа од гасоводот во Карпош во голем дел е завршена, но таа постојано може да се надградува, по барање на заинтересирани страни, велат од Општина Карпош за „Мета“ на прашањето дали е завршена изградбата на гасификационата мрежа. „Гасификацијата на сите скопски општини се одвива преку новоформираното јавно претпријатие „Градски енергетски системи“ АД Скопје. Општина […]

Се зголемува бројот на домаќинства кои се приклучуваат на гасоводната мрежа во Куманово

19 јуни 2019

Јавното претпријатие „Куманово гас“ приклучи на гас уште една станбена зграда со 30 станови, информираше директорот на претпријатието, Никола Денковски. Денковски потенцираше дека со приклучокот на оваа единица, расте бројот на физички лица кои ќе користат природен гас за загревање наредната грејна сезона. Во Куманово, гас користат преку 160 домаќинства од кои 40-тина куќи, останатите […]

Манчевски: Градовите ќе бидат покриени со „5G“ мрежа до 2027 година

10 јуни 2019

Третата меѓународна конференција од областа на телекомуникациите на тема „5G и понатаму“ (5G and Beyond), денеска официјално се отвори во Скопје. Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на отворањето на конференцијата рече дека технологијата се очекува да донесе вистинска дигитална еволуција, поттикнување на економскиот раст, иновативноста и благосостојбата. „„5G“ ќе ги промени целите […]

Лансирана е европска мрежа за проверка на факти за изборите за ЕУ-парламентот

19 март 2019

„ФактЧек ЕУ“ е името на новата мрежа за проверка на факти која е лансирана денеска од страна на 19 медиуми, членки на „Меѓународната факт-чекинг мрежа“ (МФЧМ), проект на Институтот Поинтер од Флорида, САД. Конзорциумот „ФактЧек ЕУ“ е составен од медиуми од 13 земји од Европа и ќе има основна задача да врши проверка на изјави/тврдења […]

„Ние не  сме ботови“ – германски јутјубер објави протестна песна против член 13 од  новата Директива на ЕУ за авторски права (видео)

6 март 2019

Вирални видеа и улични протести се дел од кампањата против членот 13 на новата Директива за авторски права на ЕУ, со кој ќе се воведе обврска за филтрирање на содржини во моментот кога авторите ги качуваат на интернет (анг. upload filters). Дел од протестното движење е и младиот германски јутјубер Вилбој кој на 1  март […]

Поставени три нови мерачи на загадувањето, уште седум од следната недела

11 јануари 2019

Страницата „Мој Воздух“ објави дека се додадени уште три мерни станици на мрежата „Airly“ лоцирани на плоштадот Македонија и во населбата Железарница, како и на Широк Сокак во Битола, а податоците од нивните отчитувања на параметрите на загадениот воздух се достапни на страницата. „Airly“ сензорите се трет независен извор на податоци за квалитетот на воздухот […]

ЕБОР ќе финансира 181 милиони евра за надградба на патната мрежа

26 февруари 2018

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе обезбеди 86 милиони евра за надградба на транспортната инфраструктура и зајакнување на регионалната интеграција на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Инвестицијата е делумно поддржана и од Фондот на Централнo европската иницијатива (ЦЕИ), обезбеден од Владата на Италија. Од втората транша во вкупен износ од 181 милиони евра од […]

Бројот на патници во јануари е зголемен за 18,7 отсто во однос на истиот месец лани

20 февруари 2018

Во јануари годинава, од двата аеродроми превезени се вкупно 151.381 патници, што претставува зголемување од 18,7 отсто споредено со истиот месец лани, информираат од Министерство за транспорт и врски. На скопскиот аеродром, регистрирани се вкупно 145.592 патници што во споредба со јануари 2017 година, кога биле превезени 123.118 патници, се забележува зголемување од 18,3 отсто. На аеродромот „Св. Апостол […]

Екипите на „ЕВН Македонија“ ги санираат дефектите во дистрибутивната мрежа

14 февруари 2018

Големо невреме проследено со обилни врнежи од дожд и снег предизвика прекини во снабдувањето со електрична енергија во Југозападниот дел на Македонија. Без струја се дел од населените места во планинските региони околу Охрид, Струга, Гостивар, Кичево, Тетово, Маврово и Реканскиот крај. „Екипите на ЕВН Македонија во текот на вчерашниот ден ги санираа дефектите во повеќе […]

ЈП „Енерго“ Штип треба да изработи проекти за гасифицирање на градот догодина

12 јануари 2018

Јавното претпријатие „Енерго“ Штип, годинава треба да ги заврши сите проекти, односно да ја изработи документацијата за следната година да биде ставена мрежа за гасифицирање на градот, најави штипскиот градоначалник, Благој Бочварски по средбата со директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР), Благојче Котески. ЈП „Енерго“ Штип било формирано од претходната власт, но седум години не ја […]

МЕПСО ќе гради нов далекувод од Штип до Пробиштип

28 декември 2017

МЕПСО ќе инвестира 2,45 милиони евра во изградба на нов 110-киловолтен далекувод што ќе ги поврзува Штип и Пробиштип, информираат од компанијата. Генералниот директор на МЕПСО, Сашо Василевски и Ерион Муши, претставникот на конзорциумот изведувачи „Пинг гао груп“ од Кина и „Ндрекај“ од Албанија го потпишаа договорот за изградба на новиот далекувод. „Далекувод што ќе […]

„Оне-Вип“: Има проблеми поради прекин на главните оптички врски

14 декември 2017

Корисниците на телекомуникацискиот оператор „Оне-Вип“ претпладнево се жалат на прекин на мрежата и невозможност за остварување телефонски повици како и употреба на интернет. Од „Оне-Вип“ велат дека се соочуваат со проблем поради прекин на главните оптички врски. „Поради прекин на главни оптички врски во моментов се соочуваме со глобален проблем кој се манифестира со остварување […]

Државните службеници во подрачните одделенија во Тетово два дена се без греење

13 јануари 2017

Државните институции сместени во зградата на Општина Тетово, од вчера се без греење. Работи само една фаза од електричната мрежа, на која не можат да се приклучат грејни тела. Административците од подрачните одделенија во Тетово, на министерствата за правда, земјоделство, финансии, работат со јакни, капи, шалови. – Па, нема никакакви услови, многу е студено, работиме на […]

Македонскиот и бугарскиот Омбудсман разговараа за мрежа на правобранители

16 октомври 2016

Идеа за креирање на мрежа на омбудсмани на Западен Балкан беше тема на разговорите помеѓу македонскиот народен правобранител, Иџет Мемети, и неговата бугарска колешка, Маја Манолова, за време на нивниот состанок во Софија. Идејата e идната организација да им помага на граѓаните од земјите-членки во случај на проблем на територијата на странска земја. Манолова се понуди […]

Почна да се гради гасоводната мрежа Штип – Неготино

30 август 2016

Гасоводната мрежа Штип – Неготино во должина од 36 километри почна да се гради денеска. Инвестицијата чини околу 16 милиони евра, а ќе ја гради македонски конзорциум предводен од кумановски „Рапид билд“, заедно со уште четири компании „Ел-Те“, „Сектартермо“, „Чакар партнер“ и „Квалитет пром“. Оваа мрежа се надоврзува на гасоводот Клечовце – Штип, чија изградба во должина […]

„Оне-Вип“ почна со изградба на нова интегрирана мрежа

23 декември 2015

Компанијата „Оне-Вип“ ја почна изградбата на новата интегрирана мобилна мрежа. Создавањето нова мрежа почнува на крајот од 2015 година и ќе се одвива регион по регион. Придобивките ќе бидат достапни за поголемиот дел од корисниците кон крајот на 2016 година. – Новата мобилна мрежа ќе има цел на сите корисници на „Оне-Вип“ да им обезбеди значително […]

Страна 1 од 2