fbpx

Манчевски: Градовите ќе бидат покриени со „5G“ мрежа до 2027 година

-

Третата меѓународна конференција од областа на телекомуникациите на тема „5G и понатаму“ (5G and Beyond), денеска официјално се отвори во Скопје.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на отворањето на конференцијата рече дека технологијата се очекува да донесе вистинска дигитална еволуција, поттикнување на економскиот раст, иновативноста и благосостојбата.

„„5G“ ќе ги промени целите индустрии. Овие сектори ќе бидат целосно трансформирани со дигитални автопатишта за комуникација, компјутерска моќ и мрежи на сензори. Автоматизацијата во голема мера ќе зависи од функционалните и безбедните „5G“ мрежи. Поединци и машини ќе комуницираат и ќе споделуваат информации на начин непознат до сега. Нема да има многу човечки активности, што не е поткрепено со сајбер-инфраструктура“, подвлече министерот Манчевски.

Тој додаде дека врз основа на користењето на јавните средства, како и инвестициите на операторите во наредните три години, се проценува дека до крајот на 2023 година, најмалку еден град ќе биде покриен со „5G“ сигнал, а до крајот на 2027 година сите градови во државата ќе бидат покриени со непрекинат сигнал од „5G“, а до крајот на 2029 година секој граѓанин ќе има пристап до „5G“ интернет со минимум брзина од 100 мегабити во секунда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...