fbpx

Примарната мрежа од гасоводот во Карпош во голем дел е завршена

-

Примарната мрежа од гасоводот во Карпош во голем дел е завршена, но таа постојано може да се надградува, по барање на заинтересирани страни, велат од Општина Карпош за „Мета“ на прашањето дали е завршена изградбата на гасификационата мрежа.

„Гасификацијата на сите скопски општини се одвива преку новоформираното јавно претпријатие „Градски енергетски системи“ АД Скопје. Општина Карпош на ова јавно претпријатие ги додели сите подготвени изведбени проекти кои се однесуваат на примарната, секундарната и терцијалната мрежа. АД „ГАМА“ ја поставува примарната мрежа и мерно регулациони станици, од кои потоа ќе се проектира секундарна мрежа до домаќинствата на граѓаните“, велат од Општина Карпош.

Во Карпош има и повеќе јавни објекти кои веќе работат на гас средното училиште „Георги Димитров“, гимназијата „Здраво Цветковски“, болниците „8 Септември“, и „Филип Втори“).

Во однос на приклучување на другите објекти и домаќинства на гасовод, ЈП Градски Енергетски Системи АД Скопје во целост е задолжено за реализација на гасоводот во скопските општини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...