Акција за ослободување на Тикрит

Операција за заземање на градот Тикрит, кој е под контрола на џихадистите, почна ирачката армија поддржана од сојузничките шиитски и сунитски борци.

Владините сили го напаѓаат родниот град на Садам Хусеин, со поддршка од артилеријата и од воени авиони.

Неколку часа пред операцијата, ирачкиот премиер Хајдер ал Абади ги повика сунитските племенски борци да ги напуштат редовите на Исламска држава и им вети помилување.

Тикрит е 130 километри северно од Багдад, а под контрола на ИД е од минатото лето.