fbpx

Уапсен маж во САД кој го обезглавил својот татко и тоа го објавил на „Јутјуб“

Грозоморното видео кружеше со часови на јутјуб и „собра“ повеќе од 5.000 прегледи, пред да биде отстрането

-

Џастин Мон (32) од Пенсилванија го обезглавил својот татко и ја покажувал отсечената глава во видео, пренесе Си-Ен-Ен. Мон е обвинет за убиство откако бил уапсен во базата на Националната гарда, според официјалните лица и судските документи.

Грозоморното видео кружеше со часови на Јутјуб и „собра“ повеќе од 5.000 прегледи, пред да биде отстрането. Џастин Мон сега е притворен.

Таткото, Мајкл Мон работел за инженерскиот корпус на американската армија во Филаделфија.

Овој застрашувачки случај доаѓа во време на напнато национално политичко опкружување, но и во време кога директори на компании за социјални мрежи во средата во Конгресот беа на удар на критики затоа што дозволуваат да се објавуваат насилни видеа и содржини на нивните платформи.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...