fbpx

Турција ги осуди руските воздушни напад на Идлиб

-

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу го осуди, како што се сомнева, рускиот воен напад на сирискиот град Идлиб, додавајќи дека сириската територија нема да биде дел од „руските империјалистички цели“.

Во воздушните напади на 20 декември, биле погодени луѓе во центарот на бунтовничкиот град на северозападот на Сирија, на особено прометен градски пазар, неколку владини згради и станбен блок.

Русија не се огласи за тоа дали иле не ја гаѓала таа област.

Турција, која се залага за соборување на сирискиот претседател Башар ал Асад, остро ја критикува руската улога во судирите во Сирија. Москва, пак, е долгогодишен сојузник на Асад.

Говорејќи пред членовите на својата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) во парламентот, Давутоглу, исто така, рече дека Турција ќе продолжи да пружа воена обука и поддршка во вид на опрема на Ирак сè додека Мосул не биде ослободен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...