fbpx

Турски државјанин во Охрид престојувал со фалсификуван бугарски пасош

-

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Џ.О. (44) од Истанбул, Република Турција, осомничен за фалсификување исправа.

Судија на претходна постапка од Основниот суд во Охрид, му определи мерка притвор во траење од осум дена.

Според СВР Охрид, кај осомничениот е пронајдена и одземена му е една бугарска патна исправа на име С.Е. (48).

Минатата година на лица од Турција им дал негова фотографија и им платил 15.000 евра да му изработат бугарски пасош со важност до 2017 година.

Пријавениот, во ноември 2015 година, бугарскиот пасош го употребил во Република Турција, а потоа го внел во Република Македонија со намера да го искористи како вистински.

На 26 јануари во Охрид, управувајќи патничко моторно возило, марка „пежо“ со охридски регистарски таблички, пријавениот предизвикал сообраќајна незгода по што се обидел да избега од местото на настанот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...