fbpx

Туристите од странство се најнезадоволни од македонските патишта и хигиената на јавните места

-

Странските посетители на земјава се најнезадоволни од патната мрежа и од лошата хигиена на јавните места. Така одговориле најголемиот процент од гостите од странство анкетирани на граничните премини во минатата година, додека највисоки оценки дале за односот на луѓето и за археолошките и историските ресурси на Северна Македонија.

Ова го покажуваат резултатите од Анкетата на странските посетители на граничните премини што ја изготви Државниот завод за статистика. Според нив, просечната оценка за услугите на странските посетители во 2019 година изнесува 4,16, однесувањето на луѓето има оценка 4,53, археолошките и историски ресурси 4,51, природната средина 4,41, рестораните 4,37, аеродромските услуги 4,32, забавата и ноќниот живот добиле оценка 4,25, безбедноста и здравствените услуги 4,19, а најлоши оценки имаат хигиената на јавните места, 3,71 и патната мрежа, 3,64.

Најголемиот дел од анкетираните странци на граничните премини во државава само транзитирале низ неа, односно 44,4 отсто одговориле така, 36 проценти дошле да престојуваат во земјава, а 19,6 отсто оствариле еднодневна посета. Над 40 проценти од оние што транзитирале биле лица на возраст од 36 до 42 години, а еднодневни посети најмногу, или 30 отсто, направиле посетителите од 36 до 42 години.

Покрај Анкетата направена на граничните премини, ДЗС направил Анкета и на странските туристи кои посетиле некој од објектите за сместување во нашата земја во 2019 година. Впечатокот на странските туристи е идентичен. Просечната оценка што тие ја дале за нашата земја е 4,48. Сепак, далеку под просекот е патната мрежа, која од странските туристи добила оценка 3,23. Хигиената на плажите и езерата е оценета со 3,78, а хигиената на јавните места и на објектите на плажите добиле оценка 3,82. Со оценка 3,96 се оценети аеродромските услуги кои ги добиле туристите на нашите аеродроми.

Двете анкетни истражувања на Државниот завод за статистика доаѓаат во момент кога нашата земја се соочува со огромно намалување на бројот на странски посети на нашата земја како последица на пандемијата со ковид-19. Од друга страна, Северна Македонија минатата година оствари рекордна посета од 1.184.963 туристи, од кои дури 757.593 гости биле од странство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...