fbpx

Денеска се регистрирани 128 нови случаи на ковид-19, 137 оздравени и шест починати лица

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.025 тестирања, а регистрирани се 128 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-52, Куманово-6, Штип-29, Прилеп-2, Тетово-6, Битола-2, Кавадарци-10, Гостивар-13, Кочани-1, Пробиштип-1, Македонски Брод-3, Виница-2 и Свети Николе-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 137 оздравени пациенти од: Скопје-108, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-11, Велес-1, Битола-3, Гостивар-2, Кочани-2, Кичево-2, Ресен-5.

Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје (82, 48, 82 и 60 години), еден пациент од Кичево (52г.) и еден од Струга (75г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.213, бројката на оздравени пациенти е 5.564, на починати е 466, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.183. Денеска се евидентира еден контролен тест.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и 10 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 106 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 125 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...