fbpx

Тунтев: Следната недела ќе ги поднесеме законите за СЈО

-

Парламентарното мнозинство ги известило координаторите на парламентарните политички партии дека е потребно да се постигне политички договор за законите за СЈО, информираше координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, кој додаде дека законите во собраниска процедура ќе влезат наредната недела.

– Ние уште минатата година како опозиција ги предложивме законот за заштитени сведоци и законот за продолжување на рокот за обвиненија на СЈО, но тие беа одбиени од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се истите закони со кои треба да се овозможи непречено функционирање на оваа обвинителство и затоа сметам дека треба да дадат поддршка сите политички чинители. Впрочем, овие закони се дел од Договорот од Пржино и се дел од реформските приоритети на Прибе – изјави Тунтев.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ рече дека и Собранието, како и Владата, ќе биде отворено за граѓаните да имаат можност одблизу да се информираат за работата на законодавниот дом.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...