fbpx

Црвен крст на Град Скопје ќе дели вода и совети за справување со жегата

-

Црвениот крст на Град Скопје најави дека со поддршка од градските власти ќе формира мобилни тимови кои ќе патролираат низ градот Скопје. Тие, како што известуваат од Грвен крст, ќе дистрибуираат вода и летоци со совети, ќе мерат притисок на граѓани кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешките случаи ќе обезбедат транспорт до најблиската медицинска установа или до домот на лицето.

Од среда до петок, по четири мобилни тимови ќе излезат на терен и во периодот од 11  до 17 часот ќе патролираат низ централното градско подрачје и на поголемите автобуски постојки.

Две екипи за време на викенди ќе бидат дежурни на планинско-спасителните станици на Водно и на Матка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...