Централниот одбор на СДСМ денеска ќе одржи состанок во седиштето на партијата со почеток во 12 часот, информираат оттаму.
На состанокот ќе одлучуваат кој ќе биде мандаторот за составување на новата влада, откако партијата синоќа ги доби потписите од ДУИ.
Синоќа, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, информираше дека ДУИ ќе им ги даде потписите на СДСМ за состав на нова влада, но дека тие потписи не значат дека партијата ќе коалицира со СДСМ.