среда, 12 август, 2026
Meta.mk

Ознака: Централен комитет | 15 резултати

ВМРО-ДПМНЕ: Анализата за локалните избори ќе му биде предадена на новото раководство

декември 22, 2017

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница ги потврди точките кои ќе се дискутираат на претстојниот вонреден Конгрес кој треба да се одржи денеска и утре во Валандово, велат од партијата преку соопштение. Членовите на Централниот комитет биле информирани дека согласно Статутот на партијата, од двете пристигнати кандидатури, само еден кандидат доставил целосна документација до […]

Конгресот ќе се одржи, протестите ќе се радикализират, најави ИК на ВМРО-ДПМНЕ

декември 21, 2017

Вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, сепак ќе се одржи викендов на 22 и 23 декември во Валандово, соопштија од партијата. „Извршниот комитет дискутираше и во врска со јавно објавената иницијатива од страна на повеќемина актуелни и поранешни функционери. Иницијативата објавена во медиуми не доби поддршка од Извршниот комитет, кој одлучи, истата да не ја предложи на […]

Груевски рекол дека гласањето за нов конгрес не е гласање „за или против“ него

декември 11, 2017

На вонредниот 16-ти Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ што ќе се одржи во Валандово на 22 и 23 декември, секој од 544-те делегати ќе може да гласа за само еден претседателски кандидат. До 21 декември заинтересираните за местото прв човек на партијата ќе може да ги поднесуваат своите кандидатури, соопшти Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, по вчерашната седница […]

ВМРО-ДПМНЕ го објави списокот на делегати за вонредниот конгрес

декември 10, 2017

ВМРО-ДПМНЕ, по седницата на Централниот комитет на кој 100 членови гласале за, еден бил против, а десет воздржани да се одржи вонреден конгрес на 22 и 23 декември на кој ќе се избира нов партиски лидер, на својата веб-страница го објави списокот на делегати.

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе го свика конгресот за избор на нов претседател

декември 10, 2017

Централниот комитет (ЦК) на ВМРО-ДПМНЕ денеска попладне ќе оддржи седница на која треба да ја потврди одлуката за оддржување на вонреден партиски конгрес на 23 декември во Валандово. На овој конгрес би требало да се прифати најавената оставка на партискиот претседател Никола Груевски и да се избере негов наследник. До вчера единствената јавно објавена кандидатура […]

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ загрижен поради новата предлог-стратегија за бегалците

јули 31, 2017

Од централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека на саботната седницата, меѓу другото, изразиле загриженост од најавената нова стратегија за мигрантите на Владата на Република Македонија, со која, како што оцениле, „Владата се подготвува да прифати поголем број мигранти во Република Македонија“. „ВМРО-ДПМНЕ укажува дека давање државјанства на десетици илјади мигранти во Република Македонија и нивно […]

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Мисовски и Мухиќ ги испровоцираа граѓаните и мора кривично да одговараат

мај 2, 2017

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржал седница на која се расправало за актуелната политичка состојба, информираат од партијата. Оттаму велат дека централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го осудил нелегалниот обид за избор на претседател на Собранието, кој, според партијата, претставува насилство врз институциите, пред сè Уставот, законите и пропишаниот деловник. „Непочитувањето на Уставот е непочитување на […]

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Партијата да ги брани државните интереси по секоја цена

март 8, 2017

ВМРО-ДПМНЕ мора да остане со народот и да продолжи да ги брани државните и националните интереси по секоја цена, е заклучокот од вчерашната седница на централниот комитет на партијата. ЦК на ВМРО-ДПМНЕ донел заклучок според кој извршниот комитет и партијата треба да продолжат да се спротивставуваат на обидите за редефинирање на Македонија од мултиетничка во […]

Централниот одбор на СДСМ напладне ќе одржи состанок

февруари 25, 2017

Централниот одбор на СДСМ денеска ќе одржи состанок во седиштето на партијата со почеток во 12 часот, информираат оттаму. На состанокот ќе одлучуваат кој ќе биде мандаторот за составување на новата влада, откако партијата синоќа ги доби потписите од ДУИ. Синоќа, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, информираше дека ДУИ ќе им ги даде потписите на СДСМ за […]

И ЦК на ВМРО-ДПМНЕ му даде поддршка на Груевски за разговори за формирање влада

јануари 12, 2017

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница ги прифатил вчерашните заклучоци на извршниот комитет и му дал целосна поддршка на претседателот на партијата и мандатар, Никола Груевски, за претстојните разговори за формирање на идната влада. Со седницата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, раководел Груевски, а на неа се дискутирало за актуелната состојба во земјава и […]

ВМРО-НП остава уште една шанса за формирање десничарски опозициски блок

октомври 30, 2016

ВМРО-НП на денешниот состанок на партискиот централен комитет одлучи на претстојните избори на 11 декември да оди во коалиција со Обединети за Македонија на Љубе Бошковски и со Достоинство на Стојанче Ангелов. Сепак, партијата остави и можност за преговори со ФРОДЕМ на Јове Кекеновски и со Демократски сојуз на Павле Трајанов доколку деновиве посакаат да […]

Страна 1 од 1