fbpx

Три недели по смртта, денеска ќе биде погребан Мемет Камбер

Неговото безживотно тело три недели стоеше во капелата на гробиштата Бутел во Скопје, поради бирократски пречки од немањето документи

-

Денеска е погребот на Мемет Камбер, кој почина на 24 мај годинава, поради сериозни компликации предизвикани од неоткриен дијабет – момчето кое немаше здравствена книшка ниту пак лична карта, а со туѓа книшка отиде во болница кога веќе беше предоцна.

Неговото безживотно тело три недели стоеше во капелата на гробиштата Бутел во Скопје, поради бирократски пречки од немањето документи. Административните служби работеле на проблемот со кој требало да се докаже кои се биолошките родители на Мемет, за истите според законот и доказот од ДНК анализата да бидат запишани во матичната книга.

Институтот Ромалитико извести за овој случај и го откажа најавениот протест пред Собранието.

Три недели по смртта на Мемет Камбер, телото сè уште не е предадено кај роднините за да биде погребано

„Ја известуваме јавноста дека телото на младиот Мемет Камбер денес ќе биде предадено на роднините. Известуваме дека најавениот протест пред Собранието нема да се одржи, бидејќи телото ќе биде предадено. Ромалитико ќе продолжи и понатаму гласно да ја застапува проблематика, да бара измена на потребната законска регулатива и доследно третирање на овие лица од сите институции“, соопшти „Ромалитико“.

Невладината организација очекува од пратениците на Собранието денес да ги разгледа понудените измени и дополнувања во Законот за матична евиденција, да ја сфатат ургентноста за решавање на прашањето на лица без извод од матична книга на родени и понатаму да ги усвојат измените.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...