fbpx

Три недели по смртта на Мемет Камбер, телото сè уште не е предадено кај роднините за да биде погребано

Од „Ромалитико“ ги повикуваат сите политички и административни чинители до среда да ја решат состојбата и да овозможат достоен погреб на починатиот, а во спротивно, како што велат, на 16 јуни ќе се организира протест пред Собранието

-

Три недели по смртта на Мемет Камбер, телото сè уште не е предадено кај роднините за да биде достојно погребано, информира денеска Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“.

Од „Ромалитико“ ги повикуваат сите политички и административни чинители до среда да ја решат состојбата и да овозможат достоен погреб на починатиот, а во спротивно, како што велат, на 16 јуни ќе се организира протест пред Собранието – институција од која исто така се очекува да ги донесе сите потребни измени на законите за во иднина да не ни се повторат вакви случаи.

Мемет Камбер, роден во 2004 година, почина на 24 мај годинава, поради сериозни компликации предизвикани од неоткриен дијабет. Мемет немал здравствена книшка ниту пак лична карта, а кога отишол во болница со туѓа здравствена книшка, веќе било предоцна.

„Мемет како сиромашно лице немал лична карта затоа што не можел да пријави адреса, бидејќи живеел во дом кој е дивоградба“, изјавија неодамна од „Ромалитико“, осврнувајќи се на тоа какви сè проблеми можат да произлезат од оваа состојба.

Ромалитико: Имаме околу 1.000 лица кои се под закана да ја имаат истата судбина како Мемет

Од Институтот додаваат дека остварувањето на здравствената заштита е човеково право, а неможноста за пристап до здравствена заштита е прекршување на човеково право.

„Апелираме итно формирање на работна група во Владата која ќе работи на решенија и итно усвојување на потребните измени за пристап до лична карта и други документи“, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...