fbpx

Тренчевска тврди дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад протестите на пензионерите

Таа постави прашање, во однос на тоа дали 18.000 минимална пензија е праведно за сите пензионери, ако имаме предвид дека најголем дел од пензионерите со минимална пензија имаат пократок работен стаж, а останатите што примаат околу 20.000 денари имаат подолг работен стаж

-

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска изјави дека зад организацијата на протестите на пензионерите има политичка позадина, односно дека тие не се воопшто спонтана реакција, туку зад нив стои опозицијата односно партијата ВМРО-ДПМНЕ. Ова тврдење таа го искажа во денешното гостување во утринската програма на Македонската телевизија.

Тренчевска изјави дека вратите на министерството се отворени за секој граѓанин, а барањата на Иницијативниот одбор ќе се разгледаат. Таа вчера имаше средба со претставниците на Иницијативниот одбор на пензионери кои протестираа во Скопје со барање за повисоки пензии.

Министерката информираше дека денеска ќе се одржи состанок со Сојузот на пензионери на Македонија, како легитимно тело кое ги претставува пензионерите и ќе се отвори дискусијата за барањата на пензионерите кои протестираат, но и други прашања.

Легитимно е да се протестира, а прашањето за линеарно зголемување е уставна категорија, вели Тренчевска. Таа постави прашање, во однос на тоа дали 18.000 минимална е праведно за сите пензионери, ако имаме предвид дека најголем дел од пензионерите со минимална пензија имаат пократок работен стаж, а останатите што примаат околу 20.000 денари имаат подолг работен стаж и нивниот влог да го изедначиме со оние кои немаат влог како нивниот.

Таа уште еднаш потенцираше дека со популистички мерки, како линеарно покачување на пензиите ќе се доведе во прашање стабилноста на пензискиот систем. Тренчевска порача и дека оваа Влада е насочена да креира политики со кои се обезбедува стабилен пензиски фонд, редовни пензии кои ќе продолжат да се исплаќаат предвреме.

Министерката истакна дека секој март и септември пензиите се усогласуваат со оваа методологија, како и дека од 2022 година досега, пензијата е зголемена за 24 отсто. Таа потенцираше дека сепак не мисли оти минималната пензија е висока, но од 9.000 денари таа согласно последното усогласување расте за околу 4.000 денари, односно ќе биде над 13.000 денари.

Тренчевска апелираше и до општините, во рамки на нивните надлежности ,како што креираат мерки за ранливи категории, да креираат мерки и за пензионерите кои имаат пониски пензии. За таа цел, се воспоставени и социјалните совети при општините кои можат да предлагаат мерки за граѓаните во нивните локални заедници.

Министерката се осврна и на пензиите во регионот и порача дека споредено со соседните земји како држава сме некаде на средината. Односно во Србија минималната пензија е 10.841 денари, а 19.866 денари просечната пензија. Во Хрватска, со одлука на Владата се носи износот со кој се множат годините на стаж па така, 11.19 евра помножено со годините на стаж. Во Црна Гора минимална пензија е 280 евра, а во Грција 411 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...