fbpx

Товарен воз вчера удри во возило кај Прилеп, три лица се повредени

Во железничката незгода, возачот А.И. и неговите сопатници Н.Н.(19) од Прилеп и А.Н.(51) од селото Црнилиште биле пренесени во Градската болница во Прилеп, каде им биле констатирани телесни повреди

-

Три лица се повредени во вчерашната железничка незгода што се случила кај прилепското село Гостиражни, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 18.06.2023 во 17.40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патен премин, пред Железничка станица „Гостиражни“, прилепско, се случила железничка незгода помеѓу товарен воз кој сообраќал на релација Велес – Прилеп и патничко возило „фолксваген поло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.И.(24) од Прилеп“, стои во соопштението на МВР.

Во железничката незгода, возачот А.И. и неговите сопатници Н.Н.(19) од Прилеп и А.Н.(51) од селото Црнилиште биле пренесени во Градската болница во Прилеп, каде им биле констатирани телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...