fbpx

Тодоров тврди дека ВМРО-ДПМНЕ досега направила многу отстапки во преговорите

-

„Се надевам дека е можно да се приближат ставовите. ВМРО-ДПМНЕ оди на тие преговори за да се договори, да се најде решение и да се заврши целата оваа криза“, изјави денеска вицепремиерот и министер за здравство, Никола Тодоров, кој ја претставува ВМРО-ДПМНЕ на меѓупартиските преговори за надминување на политичката криза.

– Досега направивме огромен број отстапки и сите тие отстапки се само во функција на решавање на кризата. Ајде да видиме и денеска дали од другата страна ќе имаме поместувања. Ако има желба за договор, очекувам да има договор – рече Тодоров одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија.

На прашање дали досега немало отстапки од другата страна, рече дека ќе биде неискрен ако каже дека немало воопшто.

– Имало определени отстапки и од едната и од другата страна. Во вакви преговори секоја страна смета дека таа најмногу отстапува и тоа мора да се преброди. Нормално, ние велиме дека ВМРО-ДПМНЕ направила повеќе отстапки, а СДСМ ќе каже дека тие направиле повеќе отстапки, но сепак таква е ситуацијата да треба да се собере храброст и да најдеме едно заедничко решение. Ние направивме доста отстапки во тој правец. Очекуваме една отстапка сега во финалето на овие преговори и од страна на СДСМ. Не би коментирал повеќе. Сепак, сакам овој процес да успее, не сакам да се доведе во прашање или да се уништи поради некоја лоша изјава или нешто друго – рече Тодоров.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...