fbpx

Тодоров: Одлуката на ДИК да изврши вештачење на потпис е скандалозна

-

Одлуката на Државната изборна комисија (ДИК) да се изврши графолошко вештачење на потписот на жената во избирачкото место во Гостивар е скандалозна, изјави членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, пред партиското седиште.

Тој апелираше ДИК да ја коригира одлуката.

– И покрај тоа што од општинската изборна комисија и претставниците од избирачкиот одбор потврдија дека станува збор за жена која двапати се обидела да го искористи правото на глас, ДИК донесе скандалозна, погрешна одлука да се изврши графолошко вештачење. Ваква одлука е незапаметена во македонската историја и во македонското изборно законодавство. Апелираме ДИК и нејзините членови да ја коригираат оваа погрешна одлука и да не дозволат ДИК да работи спротивно на законските прописи – истакна Тодоров.

Државната изборна комисија на вечерашната расправа по осмиот приговор на Беса, одлучи потписот на гласачката Фатиме Сулејмани графолошки да се испитува во МВР, за да се утврди дали некој друг гласал за неа и зошто таа не можела да го оствари своето право на глас во општина Гостивар на избирачкото место 0396/1.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...