fbpx

Тодоров: Новиот анализатор на Клиниката за детски болести дава побрзи резултати

-

Универзитетската клиника за детски болести досега има направено околу 90.000 анализи со новиот лабораториски биохемиски анализатор, што е доказ за високото ниво на искористеност, рече министерот за здравство Никола Тодоров.

Според спецификациите, апаратот за еден час може да изврши и до 800 анализи, а во детската клиника дневно се прават по 1.200 такви анализи.

– Првпат во Македонија се овозможи да се натпреваруваат понудувачите кој ќе даде пониска цена на реагенс, а тој што ќе го добие тендерот да има обврска да достави бесплатно апарати и да се грижи постојано за нивно одржување, односно клиниката или болницата каде што е апаратот да нема таква обврска. Ова особено ни правеше главоболка во минатото затоа што одржувањето на овие апарати, а особено замената на резервни делови е прилично скапа работа – изјави Тодоров за време на посетата на детската клиника, додавајќи дека со таквите набавки, годишно се заштедуваат до два милиони денари.

Директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова, рече дека новиот биохемиски анализатор овозможува побрзо добивање резултати за децата, што е значајно за нивниот третман и за лекувањето.

– Дневниот обрт на клиниката во однос на минатата година е зголемен за 30 проценти. Тоа укажува дека со овој хемиски анализатор сме ги зголемиле не само капацитетот, туку и квалитетот и брзината на добивање резултати, што е особено важно за децата – рече Софијанова, додавајќи дека побрзото добивање биохемиски резултати е особено значајно за одредување терапија за децата.

Софијанова, исто така, информираше дека минатата ноќ дежурната служба прегледала 100 деца со болки и со температура. Лабораториските испитувања покажале дека се работи за бактериски и за вирусни инфекции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...