fbpx

Тестиран уште еден сомнителен за корона вирусот – резултатот е негативен

-

Министерството за здравство соопшти дека вчера попладнето биле тестиран уште еден пациент за кој имало сомнение дека е заразен со новиот корона вирус Covid-19, но резултатите од испитувањето се негативни, односно пациентот не бил заразен со овој вирус.

Тестирањето е направено на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Со ова, случајот на заразени со овој вирус во земјава се задржува на 1.

Министерот за здравство Венко Филипче, повикувајќи се на растечкиот број на ново заразени во европскиот регион, информираше дека контролата на системот за заштита и превенција во земјава се подигнува на уште повисоко ниво со воведување на „здравствена локатор карта“ за сите патници во авионите на „Wizz Air“ од Милано и Венеција на скопскиот и охридскиот аеродром.

-Ова ќе овозможи добра контрола и следливост на патниците. Тие ќе остават податоци за тоа на која адреса престојуваат и доколку во некое сценарио се јави некој патник по одреден број денови со симптоми, многу лесно е да ги лоцираме патниците, особено сопатниците кои седеле неколку реда зад и пред заболениот патник во авионот, како што налагаат препораките – објасни Филипче.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...