fbpx

Тепачка на бегалци во Атина, повредени повеќе од 100 лица

-

Во прифатен центар на стадионот „Палео Фалиро“ кај Атина, настанала тепачка меѓу бегалците, поради што полицијата привела повеќе од 100 лица, пренесуваат медиумите.

Судирот се случил откако една група Мароканци ги уценувала другите бегалци, нудејќи им заштита за пари. Исто така им се заканувале дека ако ја одбијат заштитата, ќе се соочат со физичка казна.

Бидејќи најголем дел од бегалците ја одбиле таа понуда, уценувачите ги нападнале. Во тепачката биле искршени прозорци и мебел.

Грчкиот министер за миграција, Јанис Музалас, изјави дека во тој центар се сместени економски мигранти и дека некои од нив се сторители на кривични дела. Меѓу нив се државјани од Мароко, Алжир, Јемен.

Полицијата привела повеќе од 100 лица, на кои им се заканува депортација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...