fbpx

Ташковски ќе ги наградува вработените кои издаваат лични документи

Дополнителниот министер за внатрешни работи информираше дека 25 вработени од други организациски единици доброволно се пријавиле и биле упатени да помогнат во процесот на издавање документи

-

Панче Ташковски, дополнителниот министер за внатрешни работи го посетил Одделението за управни работи – Скопје каде се запознал со фактичката состојба во делот на издавање на лични документи.

Тој преку Фејсбук статус информираше дека 25 вработени од други организациски единици доброволно се пријавиле и биле упатени да помогнат во овој процес.

„Во таа насока во текот на вчерашниот ден истите почнаа со обука за сликање и издавање на документите, а од моја страна ќе бидат преземени сите мерки и активности во рамки на моите законски овластувања со цел сите вработени во Одделението за управни работи – Скопје и во отсеците за управни работи низ државата, како и оние кои се упатени времено да работат таму, да бидат соодветно наградени“, изјави Ташковски.

Тој се заблагодари на вработените во ова одделение кои „и покрај лошите услови во кои работат, вложуваат натчовечки напори за да им излезат во пресрет на граѓаните“.

Остануваат уште 10 дена граѓаните да извадат нови лични документи согласно Договорот од Преспа, со новото име на државата, Република Северна Македонија. Во државата ќе важат личните карти со „Република Македонија“, но за патување надвор од границите граѓаните мора да извадат нови лични документи. Голем број граѓани нема да можат да го остварат ова право, поради преголемите гужви. Дополнително, до 12 февруари, граѓаните треба купат налепници за регистарските таблички на автомобилите, кои чинат 50 денари и можат да се купат од станиците за технички преглед.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...