fbpx

Талески нема да го тужи Ставрески за нанесена душевна болка (+18)

-

Оставка и ревизија на работењето на битолскиот градоначалник Владимир Талески денска побара битолските опозициски СДСМ и ЛДП. Пратеникот Васко Ковачевски изјави дека вицепремиерот за финансии, Зоран Ставрески, во вчерашната „бомба“ на Заев, признал коруптивен скандал направен од битолскиот градоначалник Талески.

На снимките се слуша како Ставрески за Талески вели: „Се изнервирав со ова копилево од Битола, Владо Талески. Пичка ли му матер.
Копилево место да си го покрие криминалот… Копилето игра крајно прљаво, значи тој кај што е неспособен, уште и тежок криминалец, ама и перфиден актер, она глумец. Лигле. Еј, копилиња, со какви се занимавам значи, малце ли се тепам у собрание со сите од комуњариве, а копилето, пази, ми праи прес он мене. Ма ќе му ебам мајката, нема денар више да види тој. Не денар што нема да види, него ќе му ебам мамето ќе му ебам …“

– Конечно имаме признание и доказ дека цело време сме биле во право. Апсурдно, но реално, признанието дојде од министерот Ставрески. Бараме Талески да си поднесе оставка. Ако се земе предвид дека низ рацете на Талески во изминатите 10 години поминале повеќе од 240 милиони евра од буџетот на Општината, а Битола продолжува да тоне, се поставува прашањето каде завршиле парите на битолчани – рече Ковачевски.

Градоначалникот Талески денеска пред новинарите одговори дека опозицијата својата желба може да ја задоволи на избори.

– Оставка е нивна голема желба, а за да им се исполни, треба да се јават на избори, со своја програма и кандидати, кои нема да бидат луѓе подложни на корупција и на манипулации, кои нема да се занимаваат со гнасење на својата татковина. Иако ја слушав изјавата на нивниот лидер, дека тој не очекува правна разврска, јас многу би сакал да ја чујам правната разврска – рече Талески.

Запрашан дали ќе поднесе кривична пријава против Ставрески за нанесена душевна болка, тој кусо одговори дека нема потреба од тоа.

Инаку Талески на новинарско прашање за тоа како се почувствувал додека ги слушал навредите од аудиоснимката, одговори дека не треба стопроцентно да се прифатат снимките кои сега се пренесуваат во јавноста.

Тој вели дека во тендерите за бесплатниот превоз нема криминал и се радува на сериозноста на министерот Ставрески.

– Во целата таа постапка, не постои коруптивно работење, нема незаконско работење и не постои криминал – рече Талески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...