fbpx

Роднина на Гадафи предвидува: На Европа ќе ѝ се случи 11 септември

-

Еден од роднините на убиениот либиски лидер, Муамер ел Гадафи, предупреди дека во Европа за една-две години ќе се случи 11 септември, бидејќи на борците на Исламска држава им се приклучуваат десетина илјади мигранти, кои го преминуваат Медитеранот и стигаат до европскиот брег.

Ахмед Гадафи ел Дам, еден од безбедносните претставници во кој Гадафи имаше најмногу доверба, предвидува дека половина милион мигранти годинава од Либија ќе се упатат кон Европа, каде ИД добива сила.

– Меѓу нив има многу терористи, меѓу 10 и 50 на секои 1.000. Тие ќе се рашират низ Европа. За една-две години, ќе имате втор 11 септември – рече Гадафи ел Дам.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...