fbpx
Таг: закон

таг: закон

Во третата година од мандатот Владата се’ уште почнува со реформи во администрацијата

Бавно оди процесот на реформи што треба да доведат до професионализација на администрацијата, а најдобар показател за тоа е што Владата во третата година од мандатот се уште ги менува законите за вработените во јавниот сектор и законот за административни службеници. Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА) преку Единствениот национален елетронски регистар на прописи (ЕНЕР) објави дека подготвува Закон...

Нема кратење на бројот на часови – нашите деца учат 1,5 година помалку од оние во земјите на ОЕЦД 

Новото законско решение не предвидува намалување на бројот на наставни денови. Сегашната состојба покажува дека нашите ученици до 14-годишна возраст добиваат над 900 часови помалку од нивните врсници во земјите членки на ОЕЦД, односно една и пол година образование помалку. Ова го истакна министерот Арбер Адеми на прес конференција, информирајќи за новините во Законот за основно образование, чија примена...

Пендаровски ги потпиша указите за прогласување на законите за реформа на безбедносните служби

Претседателот Стево Пендаровски ги потпиша указите за прогласување на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Северна Македонија и на Законот за Агенција за национална безбедност, информираат од Кабинетот на претседателот. „Ова се клучни закони за реформа на безбедносните служби. Со Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, што се носи за прв пат, се формира Совет за координација кој...

Претседателот Пендаровски потпиша укази за 21 закон

Претседателот на државата Стево Пендаровски потпиша укази за прогласување на 21 закон, кои не беа потпишани од претседателот Иванов, соопшти неговиот кабинет. Меѓу потпишаните се и указите за прогласување на Законот за изменување на Законот за оперативно-техничка агенција, на Законот за Централен регистар на население, на Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, на Законот...

Афинитетите на учениците и развој на наставниците во фокусот на новите закони во образованието

Министерството за образование и наука подготвува Закон за основното образование со кој се предвидува уредување на воспитно-образовниот процес кој се остварува во основните училишта, како и дејноста на основното образование како дел од единствениот воспитно-образовен систем. Како главна цел на новиот закон се наведува обезбедување системски пристап кон поттикнување на когнитивниот, афективниот и психомоторниот развој на детето согласно неговите потенцијали...

ДОМ: Законот за урбано зеленило не се почитува, правилникот да ѝ застане на пат на урбаната мафија

Една година откако е донесен, Законот за урбано зеленило недоволно доследно се применува. Потребно е итно донесување на Правилник за урбано зеленило, кој е изработен од Министерство за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Законот наскоро треба да биде усвоен, како дополнување на постојниот Закон за просторно и урбанистичко планирање и да претставува основа за идна изработка на урбанистичките планови,...

Дескоска: Нема никакво поместување во однос на разликите за Законот за јавно обвинителство

Нема никакви поместувања во однос на разликите помеѓу власта и опозицијата околу Законот за јавно обвинителство, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска, по завршувањето на новата рунда разговори за клучните прашања од реформата на правосудството. -За Министерството за правда не е прифатливо внесување на одредба во законот што ќе значи скриена амнестија - рече Дескоска пред почетокот на конференцијата...

Кабинетот на Иванов до Антикорупциска: Указите се донесени согласно Уставот

Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов најостро реагира за, како што велат оттаму, „политичката“ одлука на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) да поднесе прекршочни пријави против претседателот и целосно ги отфрла тврдењата дека со донесувањето на указите, кои се предмет на ваквата одлука, претседателот постапил спротивно на законите и ги пречекорил овластувањата. „Разочарува фактот што, и покрај тоа што...

Македонските војници задолжително ќе одат во мисии на НАТО

Министерството за одбрана подготвува предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за одбрана со кој се дефинираат правилата за ангажман на нашите војници во мисиите на НАТО. „Со овој предлог на закон ќе се овозможи распоредување на припадниците на Република Северна Македонија надвор од територијата Република Северна Македонија во операции и мисии на НАТО на задолжителна основа, како и непречено...

ВМРО-ДПМНЕ: Новиот закон за СЈО да биде основа за градење на правна држава

ВМРО-ДПМНЕ до Министерството за правда испрати издржани забелешки за недостатоци на предлог-текстот за законот за јавно обвинителство, преточени во трите принципи кои ги содржат документите за кои што сметаме дека мора да бидат дел од овој нов закон, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Тој додаде дека новиот закон мора да биде донесен со консензус, да биде реформски и...

Анализа: Брисел бара македонските политичари да го сменат ментaлитетот

Во финишот на посетата на Брисел македонската делегација како да ја удри студен туш. Со пофалбите за посветеноста на реформите, искажани по завршувањето на 15 состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу земјава и Европската Унија,  не стаса и гаранција дека во јуни ќе има зелено светло за отпочнување на преговорите со ЕУ. По средбата со премиерот Зоран Заев, високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, изразија задоволство од...

Собранието го донесе Законот за прекинување на бременоста

На денешната собраниска седница е изгласан и донесен Законот за прекинување на бременоста, со кој се овозможува жената да го оствари правото за безбеден прекин на бременоста и укинување на постојните административни процедури-бариери, кои го одолжуваа спроведувањето на постапката за прекин на бременоста, информираат од Министерство за здравство. „Одлуката за прекин на бременоста како посебна медицинска интервенција за која треба...

Со законски измени ќе се овозможи производство на органско и ароматизирано вино

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Единствениот национален електронски регистар на прописи објави дека подготвува измени на Законот за виното. „Со предлог законот се регулира воведување на нови производи во рамки на законот (органско вино, ароматизирани вина и пијалаци кои се базираат на вино), како и дефинирање на условите за производство на вино кај мали винарии и физички лица...

Државните секретари и директори добиваат статус на високо-раководна служба

Статус на висока раководна служба да добијат извршните секретари и директори во повеќе државни институции предвидува нацрт-законот за висока раководна служба објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР). Во новата регулатива, како висока раководна служба се дефинирани раководителите во институциите кои се непосредно одговорни пред политички избраните или именуваните лица и се врската помеѓу политичкото и административното ниво...

Собранието го усвои Законот за заштита од дискриминација

Собранието денеска го усвои Законот за спречување и заштита од дискриминација, откако во петокот беше исцрпена расправата. За Законот гласаа 52 пратеници, тројца беа воздржани, а против немаше. Расправата по предлог-законот за антидискриминација, кој е со европско знаменце, мина во спротивставување на ставовите на власта и опозицијата во однос на придобивките од ова законско решение, колку тој е во функција...

„Го сакам Водно“: Предложениот закон далеку од ветувањата на Шилегов за заштита на Водно и Матка

На толку дебати, состаноци, средби и средства на даночните обврзници дадени за експерти и дневници, работните групи кои се задолжени за изработка на овие закони ни даваат старо-нов закон за Водно, без битни промени, и буквално препишан од пред 40 години. Ова е реакцијата на граѓанското здружение „Го сакам Водно“ по повод денешната изјава на Јани Макрадули, заменик-министерот за животна...

СЈО самостојно, ама под капа на ЈО: Владата го усвои Предлог-законот

Владата на денешната седница го усвоила Предлог-законот за Јавното обвинителство во кој е регулиран статусот, автономијата и надлежностите на СЈО, информираат од министерство за правда. Предлог-законот предвидува СЈО да биде автономно, но хиерархиски подредено под државното Јавно обвинителство и да се застапува самото во прв и втор степен пред судовите, а во трет степен пред Врховниот суд тоа да го...

Манчевски презентираше закони со кои ќе се овозможи дигитализација на услугите

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, на денешната прес-конференција ги претстави Законот за централен регистар на население, Законот за електронско управување и електронски услуги и Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. Законите, според Манчевски, гарантираат конечна дигитализација на јавниот сектор. На овој начин постепено ќе се намалува употребата на хартија при добивање на сите услуги...

Долгот на фирмите за кои државата не издава гаранции ќе влезе во вкупниот јавен долг

Во собраниска прцедура се измените на Законот за јавен долг, со кој, откако ќе стапи на сила, во јавниот долг ќе се мери и негарантираниот јавен долг, односно долгот за кој државата нема издадено гаранција. Според проценките на Министерство за финансии, тоа би го зголемило долгот за 0,3 проценти од БДП, односно околу 30 милиони евра. - Во 2014 година, овој...

Министерство за финансии подготвува измени на Законот за јавен долг

Поголема транспарентност, усогласување со меѓународните практики и поголем креидбилитет кај меѓународните институции и инвеститори се очекуваните ефекти од измените на Законот за јавен долг кои ги изработи Министерството за финансии, а кои се во собраниска процедура. Со измените се предлага враќање на негарантираниот долг во пресметката за јавен долг. - Негарантираниот долг беше дел од пресметката на јавниот долг до...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...