fbpx
Таг: закон

таг: закон

Министерство за финансии подготвува измени на Законот за јавен долг

Поголема транспарентност, усогласување со меѓународните практики и поголем креидбилитет кај меѓународните институции и инвеститори се очекуваните ефекти од измените на Законот за јавен долг кои ги изработи Министерството за финансии, а кои се во собраниска процедура. Со измените се предлага враќање на негарантираниот долг во пресметката за јавен долг. - Негарантираниот долг беше дел од пресметката на јавниот долг до...

Ќе се разграничуваат политичките од професионалните шефови во администрацијата

Министерството за информатичко општество и администрација подготвува закон за висока раководна служба. Во образложението објавено на Единствениот национален електронски регистар на прописи се вели дека во законодавството не постои јасно разграничување меѓу политичкото и професионалното ниво, односно не е јасно дефиниран и утврден опфатот за висока раководна служба. „Со новиот закон за висока раководна служба (ВРС), ќе се воспостави воедначена...

Јовески го испрати барањето за автентично толкување до Собранието

Јавниот обвинител Љубомир Јовески денеска до Собранието го испрати барањето за автентично толкување за член 22 од Законот за Специјалното јавно обвинителство. Ваквиот потег уследи откако стручниот колегиум на Јавното обвинителство на проширениот состанок пред една седмица одлучи дека начелно-правното мислење на Врховниот суд за предметите на Специјалното јавно обвинителство ја нарушува законитоста и дека ќе поднесе барање до Собранието...

Владата ќе подготви нов предлог-законот за трговија на зелени пазари

Владата на денешната седница донела одлука да не даде мислење за предлог-законот за престанување на важење на Законот за трговија на зелени пазари, бидејќи веќе е донесена одлука со кој се предвидува пролонгирање на рокот за влегување на сила на законот за јануари 2020 година, информираат од Владата. „Истовремено, Влада веќе има формирано работна група за подготвување на нов предлог-закон за трговија на...

Владата подготвува Закон за унапредување на правата на заедниците кои се помалку од 20 отсто

Министерството за правда подготвува предлог-закон за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во Република Македонија. „Донесувањето нов Закон за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во Република Македонија е во насока на доуредување на оваа материја и отстранување...

ЗНМ: Измените на законот за медиуми оставаат простор за манипулации

Здружението на новинарите на Македонија реагира на последните измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААМУ) и на Изборниот законик, кои на четврти февруари беа усвоени во скратена постапка од страна на Собранието, без притоа да биде консултирана новинарската заедница. „Измените на ЗААМУ кои се однесуваат на членот 102 во делот на забрани за рекламирање даваат можност на...

Прекин на бременоста до 22 гестациска недела, предлага Владата со новиот закон

Владата на вчерашната 117. седница го прифатила предлог - законот за прекинување на бременоста, подготвен од Министерството за здравство. Од Влада информираат дека со новиот предлог-закон жените веќе нема да имаат потреба да чекаат три дена по советувањето за да биде спроведена интервенцијата, нема да бидат принудени да објаснуваат зошто сакаат да ја прекинат бременоста и никој друг нема да...

СДСМ: Законот за пазарџиите одложен, ќе се бара прифатливо решение

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ на вчерашната собраниска седница го одложи Законот за трговија на зелените пазари на една година, со цел да се најде соодветно и заемно прифатливо решение, порачуваат од партијата. „Со одлагањето, се отвора простор за консултација и дебата помеѓу сите засегнати страни и без кој било да биде оштетен. Неопходно е институциите, продавачите и организаторите на...

Во новиот закон за јавни набавки, исклучоци само за одбраната и безбедноста

Осум исклучоци во кои законот нема да се применува за јавни набавки во одбраната и безбедноста се предвидени во новиот закон за јавни набавки, кој е на дневен ред на денешната, 81-ва, седница на Собранието. Во новиот текст се опфатени само исклучоците, затоа што до крајот на март треба да биде завршен нацртот на сосема нов закон за јавни...

Се укинува електронското полагање на правосудниот испит

Министерство за правда подготвува предлог-закон за изменување на законот за правосудниот испит за да го усогласи со насоките содржани во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор во однос на укинување на електронското полагање на стручните испити. „Основна цел на законот е воведување на усмено и писмено полагање на правосудниот испит пред стручна комисија, врз основа на мерливи и објективни критериуми...

По договорот вчера, пратениците денеска ќе гласаат за законот за Антикорупциска

Собранието денеска во 16 часот треба да гласа за Предлог на закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси, по скратена постапка, односно за законот за ново уредување и ингеренции на Државната комисија за спречување корупција (Антикорупциска). Проблемот околу давањето директен увид во сметките на носителите на јавни функции е затворено, откако владиното мнозинство и опозицијата вчера се усогласија, па...

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува институциите да го бојкотираат законот за јазиците

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ денеска во име на партијата ги повика институциите на централно и локално ниво да го игнорираат и бојкотираат законот за јазиците и порача дека доколку одговорните во институциите поради тоа се соочат со проблеми или закани, правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ им стои на помош. - Овој закон...

Со 79 гласа поминаа измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Со 79 гласа „за“, на 78-та седница на Собранието, денеска беше изгласан предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. За законот гласаа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата, а Лилјана Затуроска порача дека опозицијата ќе поднесе предлог за измена и дополнување на денеска изгласаниот закон, кого сепак го нарече „почеток на неопходните реформи“. Здружението...

ЗНМ: Добро е медиумските реформи да мрднат од мртва точка, законот сè уште има нејаснотии

Здружението на новинари на Македонија го поздравува договорот меѓу власта и опозицијата за донесување на измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој ќе придонесе за создавање подобри услови за работа на радиодифузерите во Македонија. „Новиот модел на избор на управните органи и системот на финансирање на Македонската радио телевизија и на медиумскиот регулатор ќе го...

Чавков не поднел барање за амнестија, смета дека е невин

Митко Чавков, поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност во времето на упадот и насилството во Собранието на 27 април 2017 година, не поднел барање за амнестија, според новиот закон. Рокот за ваквите барања истече вчера. Информацијата ја кажа утрово адвокатот Сашко Дукоски, бранител на Чавков, пред денешното рочиште за упадот во Собранието. Според Дукоски, Чавков...

Рокада во Владата: Ќахил и Ахмедовски излегуваат, а Хасан и Бајрам влегуваат

Со почеток во 14 часот денеска, Собранието ќе гласа за предлогот на премиерот Зоран Заев да бидат разрешени министерот за странски инвестиции Аднан Ќахил и министерот за имплементација на Стратегијата за Ромите, Аксел Ахмедовски, а потоа за изборот на нивните заменици. За нови министри премиерот ги предлага Елвин Хасан за странски инвестиции и Музафер Бајрам за имплементација на Стратегијата за...

До Кривичниот суд поднесени 12 барања за амнестија

До утрово до Кривичниот суд во Скопје се пристигнати 12 барања за амнестија од обвинетите за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година Секој од обвинетите за „27 април" има право да поднесе барање за амнестија, ако смета дека ги исполнува условите пропишани со Законот. Петдневниот рок за доставување на барањата за амнестија истекува утре. Барањата обвинетите...

Законот за заштита на Водно ќе се донесе догодина

Нереално беше да се очекува постапката околу донесувањето на законот за заштита на парк-шумата Водно да биде комплетирана за кусо време поради тоа што на донесувањето му претходат неколку фази за реализација вели Ана Петровска, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање на прашањето на „Мета“ зошто ова Министерство не си ја завршило обврската дадена од...

Шест амнестии за 27 години

Лавина реакции во македонската јавност предизвика вчерашното едногласно усвојување на Законот за амнестија за собраниските настани од 27 април за кој 95 пратеници од власта и опозицијата гласаа „за“. Главното прашање е дали политичарите со користењето на амнестијата како механизам го подриваат правниот систем во Македонија во зависност од моменталните политички интереси. Искуствата покажуваат дека во нашата земја често се...

Со 95 гласа „за“ Собранието го усвои Законот за амнестија

По скратена постапка со и со 95 гласа „за“ вечерва беше усвоен Законот за амнестија кој предвидува кој НЕ МОЖЕ да бара амнестија за настаните од 27 април, 2017 година. Откако ќе стапи на сила, обвинетите имаат рок од 5 дена да поднесат барање за амнестија. Според законот, не може да бидат амнестирани организаторите и оние кои учествувале во подготовката,...

Условни казни за седум лица за упадот во М-НАВ

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе пресуди врз основа на предлог-спогодби со седум лица обвинети како соизвршители на кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие. Станува...