fbpx

Двојно убиство во Кратово – жена ги убила сопругот и свекорот

Жената се сомничи дека во семејната куќа во Кратово со остар предмет ги нападнала нејзиниот сопруг Ј.И.(38) и неговиот татко С.И.(63), кои починале од здобиените повреди

-

Триесет и шесгодишна жена од Кратово синоќа ги убила сопругот и свекорот. МВР соопшти дека жената со иницијали В.И. е приведена и задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Како што соопшти денеска МВР, жената се сомничи дека во семејната куќа во Кратово со остар предмет ги нападнала нејзиниот сопруг Ј.И.(38) и неговиот татко С.И.(63), кои починале од здобиените повреди.

По насоки на јавен обвинител телата на починатите биле предадени на обдукција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двајца полицајци се сомничат дека примиле поткуп за да не констатираат сообраќаен прекршок

МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на...